Јадете зелена салата

Хипократ, грчкиот доктор и татко на медицината кажувал дека има силни лековити својства.

Скапоцените својства на зелената салата биле препознаени уште во средниот вок од Грците и Римјаните.

Во стара Персија била почитувана како намирница која осигирува мирен сон. Во минатото е позната како “трева на мудрец” што доволно сведочи за нејзината вредност и сила.

Зелената салата е извор на многу хранливи материи кои се важни за вашето здравје. Богата е со витамин А, Це, Е, Б1, Б2, Б3, Б6, па со минерален фосфор, калциум, магнезиум и железо.
Кај зелената салата важи правилото дека колку што е потенок листот, толку повеќе хранливи материи има. Поради неинформираноста се случува многу луѓе да ги фрлаат првите, надворешните листови. Ова е погрешно бидејќи надворешните листови содржат двојно повеќе витамини отколку внатрешните.

Меѓутоа мора да знаете дека зелената салата е чувствителна намирница. Најкорисна е кога е свежо набрана, а со стоењето си губи витамините и минералите. Поради тоа секогаш јадете свежо подготвена салата. Нејзиниот богат нутритивен состав помага во детоксикација на организмот.

Конзумацијата на зелена салата помага за воспоставување на алкална рамнотежа во организмот, што доведува до низа поволности како што се зголемената енергија, подобра дигестија, бистар ум, мирен сон и подмладување на изгледот на кожата. Важна состојка на зелената салата е фолната киселина (витамин Б11) која е клучна за многу процеси во човековиот организам.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk