Љубовта го поттикнува развојот на мозокот на бебето

Грижливоста која мајката ја искажува по породувањето спрема новороденчето го стимулира и зајакнува развојот на мозокот на бебето.

Нејзиното постојано присуство, внимание и љубов позитивно влијаат на порастот на мозочните клетки на детето, создавање на неврони и зголемување на интелигенцијата, тврдат американските научници од Универзитетот во Њујорк.

Природната и рана приврзаност која вклучува доење и галење претставува клучна фаза во постанаталниот развој на мозокот.

Врската помеѓу мајката и детето директно влијае на неговата рана мозочна активност.

Во овој специфичен однос важно е мајката постојано да покажува длабока емотивна блискост и однос спрема детето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk