Ќе бидам ли добра мајка

Објавено на: Dec 31, 2016 од Мама Силвана

Честопати кај мајките е присутно чувството дека не се доволно добри. Чест е и стравот од можни лоши сугестии и грешки. Некои жени отворено ја покажуваат и ја истакнуваат љубовта спрема своите деца, додека други љубоморно ги чуваат своите емоции, сметајќи дека поврзаноста со детето е толку посебна што треба да ги штити од туѓи очи.

Има жени кои поседуваат рефлекс за заштита спрема детето, љубоморни се и не сакаат нивното дете да го прегрнуваат роднините и пријателите.

Вистината е дека секој го доживува мајчинството на свој начин и тоа е нормално.

Мајката која е претерано грижлива, не значи дека е постручна од тие кои се резервирани. Совршена мајка не постои.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…