Џорџ Клуни се пожали:Не е лесно да си татко на близнаци

Познатиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга во почетокот на јуни станаа родители за прв пат.Актерот на духовит начин им се пожали на медиумите за слатките маки со близнаците.
На прашањето дали ќе се појави на Венецијанскиот филмски фестивал, Клуни се пошегува: “За почеток треба да го исчистам повратеното од смокингот. Порано беше мојата повраќаница, а сега е на близнаците “.

Улогата на татко на близнаци создава паника кај актерот.
“Одеднаш носите одговорност за други луѓе. Тоа плаши. Сега мојата работа е да ги сменам пелените и малку да се разодонам со нив. Не сум мислел дека на 56 ќе станам татко на две деца“.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk