Воспаление на увото кај децата-симптоми и третман

Според статистичките тодатоци воспалението на увото е најчесто кај децата помлади од три години. Тие почесто заболуваат од повозрасните деца бидејќи постои поголема склоност кон воспаленија на горните дишни патишта, кои пак се резултат на имунолошкиот систем кој сеуште не е развиен во целост.

Се смета дека дури 70% од децата барем еднаш во животот се соочиле со оваа несакана здравствена состојба.

Воспалението на увото најчесто се појавува придружено или по настинка, воспаление на грлото, бронхитис или кога доаѓа до задржување на течности во средното уво.

Силната болка е еден од највоочливите симптоми кои го следат воспалението на увото. Поради присуството на силна болка децата манифестираат силен и неутешен плач, како и јасна реакција на негодување при допир на увото.

Присуството на воспаление на увото го отежнува голтањето, правејќи го болно и непријатно, што пак резултира со одбивање на храна.

Меѓу останатите симптоми на воспалено уво се јавуваат и покачувањето на телесната температура, воспалено грло, секрет од носот и др.

Доколку се сомневате дека кај вашето дете постои воспаление на увото веднаш однесете го на лекар. Во меѓувреме за да ја ублажите болката користете топли облоги. Најчесто, воспалението се третира со употреба на антибиотици, кои се препорачува да се даваат согласно препорачаната доза од страна на лекар дури и ако приметувате дека на детето му е подобро, со цел да не дојде до повторување на воспалението.

Доколку воспалението на увото не се третира навремено и со соодветна медикаментозна терапија, во одредени случаи можат да се појават компликации кои се однесуваат на проширување на воспалената регија и појава на потешки респираторни инфекции.

Likes:
0 0
Views:
40

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *