Идни мамички, поврзете се со вашето бебе уште пред да се роди

Поврзете се со бебето додека е тоа ужива во вашиот стомак чекајќи ја првата средба со неговата мамичка.

Бебето во стомакот на мајката може да почувствува допир, затоа одвојте неколку минути во текот на денот за да се зближите со своето бебе во стомакот преку физичкиот допир.

Ако не знаете од каде да почнете, лакрите препорачуваат за почеток да ја ставите дланката од десната рака на стомакот и лесно да го допирате правејќи кружни движења во насока на стрелките на часовникот.

Потоа, наизменично со левата рака правете полукружни движења по десната половина на стомакот, а со десната рака движењето што го опишавме погоре.

Доживувањето ќе ви одговара и на вам и на бебето во вашиот стомак.

И секако, не заборавајте да му зборувате. Тоа има способност да го препознае мајчиниот глас уште пред да се роди. Токму таа можност е основа на смирувачкиот ефект на мајчиниот глас за секое бебе по неговото раѓање.

Likes:
0 0
Views:
28

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *