Повеќе пофалби помалку казнување- префрлете го фокусот на позитивното однесување на детето

Научно е докажано дека децата се склони кон повторување на она однесување за кои се наградени, без разлика дали станува збор за материјален вид на награда или само пофалба како начин на вербално наградување на детето.

Не се плашете дека постои опасност при постојаното наградување да создадете мал егоист-тоа нема да се случи!

Обидетете се максимално да го избегнувате казнувањето бидејќи преку казнување, потсвесно, им придавате големо значење на несаканите облици на однесување кај детето, потенцирајќи го фактот дека детето направило нешто што не е во ред.

Наместо да се фокусирате на негативностите, фокусирајте се на позитивните нешта во детското однесување. На крајот од денот, обидетете се да се сетите барем на една добра работа која детето ја направило во текот на денот, секако категоризирајќи го нештото како добро и позитивно согласно неговата возраст и неговите можности и пофалете го за тоа.

Насмеано лице нацртано на парче хартија која ја украсува вратата од фрижидерот е една од многуте интересни идеи за пофалба. Можете и да се договорите со вашето дете- пет насмеани лица поголема привилегија ( да ја купите саканата играчка, да одите на посакуваната дестинација и слично )

Likes:
0 0
Views:
20
Article Categories:
ЖИВОТЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *