Рецепт: Смути со јагоди, кокос и бадемово млеко

Сезоната на свежи јагоди е во полн ек.

Доколку сте љубители на оваа вкусна овошка ви предлагаме да подготвите вкусен природен напиток како вистинско ладно освежување кога температурите упорно растат.

Потребни состојки:

една кафена лажичка кокосово масло

половина банана

100 грама јагоди

прстофат цимет

една кафена лажичка кокосови трошки

60 мл бадемово млеко

неколку коцки мраз

Сите состојки кои ви се потребни за подготовка на овој освежителен напиток можете да ги најдете на One Stop Shop – повеќе од супермаркет!

Постапката за подготовка на напитокот е многу брза и едноставна.

Бананата излупете ја, јагодите добро измијте ги, а потоа овошјето исечете го на помали парчиња. Блендирајте заедно со кокосовото млеко и циметот. Сервирајте во висока чаша и додајде неколку коцки мраз.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
58
Article Categories:
ЗДРАВЈЕХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *