Дозволете си да не се вклопувате баш секаде

Не дозволувајте по секоја цена да станете опседнати со тоа дека мора да бидете дел од одредено друштво, дека мора да бидете сакани и почитувани од одредени луѓе. Дел од убавината на животот е да бидете свои, кога имате свој уникатен животен пат, кога имате своја индивидуалност.

Прекрасно е чувството кога ќе стигнете на целта да си помислите дека сето тоа што сте го постигнале сте го направиле со сопствените раце, своите сопствени идеи, својот труд, своите заложби….

Како стареме се повеќе сфаќаме дека во поглед на пријателствата не се мери повеќе квантитетот, туку квалитетот. Потребен ни е само оној мал круг на луѓе кои ги сакаме и кои не сакаат, кои не разбираат и ја прифаќаат нашата непоколеблива индивидуалност.

Дозволете си на себе вашиот живот да не изгледа како живот на обичен анонимец, на безличен човек кој е дел од толпа. Престанете да се прилагодувате кон мнозинството, во моментот кога ќе го направите тоа ќе сфатите дека сте станале помалку ранливи. Помалку ќе боли да се биде свој по секоја цена, отколку да се менуваме константно во нешто што другите сакаат да бидеме.

Да, треба храброст и многу волја да се издржи фактот да бидеме поинакви. Да се биде поинаков не значи дека не треба да бидеме свесни за своите слабости, туку напротив, да се признае „да, тоа сум јас“ без криење зад маската што ни ја наметнува околината од страв дека ќе бидеме „заменети“

Ослободува тоа чувство. Благослов е да се биде тоа што навистина сме и тоа што навистина сакаме да бидеме. Тоа е бесценето чувство на слободата.

Likes:
1 0
Views:
25
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *