Животот е патување, не носете премногу багаж

Ако сакате да патувате знаете дека патувањето е многу попријатно искуство ако не носите премногу багаж со себе. Полесно се патува од едно место до друго, а грижата околу багажот е сведена на минимум.

Животот е патување. Додека патувате низ животот ќе сфатите дека најдобро е да патувате без премногу товар кој ќе го носите со себе. Распакувајте ги куферите, понесете го со себе само неопходното, само она што ќе направи да уживате во патот и новите авантури.

Распакувајте ги куферите и оставете ги грижите настрана. Оставете го минатото. Не можете да го промените, ниту на било каков начин да влијаете врз него, без разлика колку и да се трудите.

Минатото е минато. Нема смисла да го носите со себе на идните патувања.

Ако постојано правите место за него во вашите куфери тогаш само едно е сигурно-вие се казнувате самите себе. Не дозволувајте да не можете да земете ништо ново со вашите раце само затоа што рацете ви се полни со грижи од минатото.

На вашето животно патување не ги носите и деструктивните критики. Не дозволувајте ниту еден недоличен коментар да ве спречи да тргнете напред и да се обидете повторно. Не дозволувајте мислењето на другите да го промени начинот на кој се гледате себе. Мислењето на другите луѓе се одраз на нивниот карактер-тие така се дефинираат себе, не ве дефинираат вас.

Вие сте дел од тоа патување со една цел и никој не може да ве спречи да стигнете до саканата дестинација-да бидете среќни, да бидете најдобрата верзија на самите себе.

Likes:
0 0
Views:
110
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.