Разиграно бебенце во мајчиниот стомак-видео што ќе ве разнежни

Во периодот на исчекување на првата средба со вашето малечко, сигурни сме дека уживате во секое движење на бебето што го чувствувате.

Со изминувањето на гестациските недели бебето во матката расте, а просторот за движење околу него се намалува. Поради таа причина движењата на бебето стануваат поинтензивни и поизразени, без разлика дали тоа удира со раце, нозе, колена или лакти.

Без разлика дали ја носите „заспаната убавица“ или “славниот фудбалер“, движењата на бебето, со текот на времето добиваат свој временски интервал – трудницата најчесто ги чувствува движењата со поголем интензитет во текот на утринските и вечерните часови. Постои интервал на будност и на сон, кога идната мама е во движење во текот на денот бебето најчесто мирува, а кога нејзините активности ќе запрат, тогаш бебето станува навистина активно.

Ова кратко, но исклучително интересно видео покажува едно разиграно мало бебенце во стомакот на неговата мајка. Гледајќи го видеото, сигурни сме дека ќе си помислите дека бебињата всушност многу добро се забавуваат уште пред да се родат.

Погледнете ја оваа интересна игра. Едноставно прекрасно!

Likes:
0 0
Views:
24
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *