Домашен ликер од вишни по рецепт на нашите баби

По рецептот на нашите баби, едноставно и многу полесно отколку што си мислите, подготовката на овој ликер ќе ви одземе малку време, не сметајќи го времето што е потребно ликерот да отстои.

За начинот на неговата подготовка постојат многу варијанти, но која и да ја одберете основните состојки се секогаш исти:

  • 1 килограм вишни
  • 1 литар домашна ракија
  • 1 килограм шеќер

Вишните измијте ги и оставете ги настрана да се исцедат од водата.

За складирање можете да користите стаклено шише со широко грло или пак тегла.

Во стаклениот сад што ќе го одберете редете на следниов начин: ред вишни, ред шеќер..се до крајот. Прелијте ги вишните и шеќерот со ракија и добро затворете. Садот поставете го на сончево место и оставете го да отстои четриесетина дена. Повремено мешајте. Потоа процедете, а добиениот ликер чувајте го на темно место

Likes:
0 0
Views:
197
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *