Како да го намалите крвниот притисок без да користите лекови

Лицата кои имаат проблем со варијации во нивото на крвниот притисок, пред се, мора да ги променат своите прехрамбени навики.

Медицината вели дека кога станува збор за навиките кои се однесуваат на исхраната, а кои влијаат врз покачувањето на крвниот притисок, се мисли на зголемен внес на сол и маснотии во организмот преку исхраната.

Регулирањето на крвниот притисок може да се постигне со помош на лекови, но и со консумација на здрави хранливи намирници.

Освен препорачаната исхрана која содржи минимални количества на сол и маснотии, се препорачува и редовно консумирање на две природни моќни состојки кои брзо делуваат во случај на хипертензија.

Првиот на листата намирници, борци против покачениот крвен притисок е циметот.

Многу досега спроведени истражувања докажале дека за намалување на крвниот притисок кај возрасните личности ефикасно помага овој ароматичен зачин. Ако вметнете барем една кафена лажичка цимет во дневното мени, бидете сигурни дека полесно ќе ги контролирате варијациите на притисокот. За брз ефект во случај на хипертензија ставете во устата половина лажичка цимет, дозволете полека да се растопи без веднаш да голтате, а потоа напијте се чаша вода. Можеби вкусот нема да ви се допадне, но сигурно ќе бидете позитивно изненадени од ефективниот резултат што ќе го прочита вашиот апарат за мерење на притисок.

Втора намирница на оваа листа е онаа која ја сметаат за најздравата намирница на светот-лукот.

Лукот делува кон намалување на високиот крвен притисок на тој начин што ги опушта крвните садови и ги проширува, поради што крвта полесно циркулира, а со самото тоа и крвниот притисок се намалува.
Во случај да е потребна брза реакција со страничниот дел од ножот притиснете две поголеми чешниња лук и така подомекнати изедете ги. Со процесот на згмечување на лукот пред консумација ја потикнуваме ензимската реакција која доведува до создавање на алицин, моќно соединение кое се бори против бактерии и габички.

Likes:
0 0
Views:
19

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *