Куркумата со своите антивоспалителни и антиоксидативни својства изобилува со прекрасен вкус, но и неверојатна лековитост поради што со право се нарекува “жолто злато“.
Во служба на убавината куркумата најчесто се користи против хиперпигментацијата, за редуцирање на темните кругови околу очите и за овозможување на оптимална нега на сувата и воспалена кожа.
Активните својства на куркуминот брзо можат да ги елиминираат темните кругови околу очите и да го изедначат тенот на кожата на лицето, особено доколку се најдат во комбинација со сок од ананас.
За таа цел ви предлагаме да подготвите домашна маска од куркума и ананас на следниов начин:
Во подлабок сад промешајте две супени лажици сок од ананас, една кафена лажица куркума во прав, прстофат пченкарно брашно, пола лажица сок од лимон и пола лажица сок од домати. Мешајте се додека не добиете хомогена смеса.
Вака подготвената маска нанесете ја на кожата на лицето, оставете да делува околу половина час, а потоа измијте се со млака вода користејќи соодветен течен сапун за лице.