Природен афродизијак од вашата кујна за моќно либидо

Морските плодови се на прво место на листата на хранливи намирници кои го подигнуваат либидото.


Најпознатиот афродизијак од оваа група се токму школките, а веднаш по нив доаѓа лососот. Тие во својот состав содржат голем процент на омега три масни киселини и се богати со цинк-природни елементи кои позитивно влијаат на репродуктивниот систем.

Бадемите исто така изобилуваат со цинк и селен, елементи кои го подигнуваат либидото. Во оваа група на јаткасти плодови спаѓаат и оревите кои во комбинација со мед нудат вкусна закуска и разгорена страст.

Бананите се овошки кои повеќе им се потребни на мажите отколку на жените кога станува збор за зголемување на либидото. Тоа се должи на присуството на ензимот бромелаин во бананата, кој пак помага во одржување на машката потенција.

Последното, но не помалку значајно, како улога на природен афродизијак е неговото височество чоколадото. Според списанието „Journal of Sexual Medicine“ консумирањето на темно чоколадо со над 70% какао во својот состав го зголемува уживањето и интензитетот за време на сексуалниот чин поради фактот што темното чоколадо го поттикнува лачењето на ендорфинот, кој помага во опуштање за време на сексот.

Likes:
0 0
Views:
25

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *