Понекогаш дури ни работодавците не се свесни колку се среќни што во нивниот тим има вработено мајки.
Мајките вистинските личности што треба да ги ангажирате ако сакате некоја работа да биде завршена темелно. Имено, поголемиот број мајки се концентрирани на ефективно решавање на овбрските, тие се одлични проектни менаџери, способни се за мултитаскинг и се навикнати лесно да се прилагодуваат на сите нови и неочекувани околности.
Мајките на работното место, доколку се доволно мотивирани, ја искажуваат истата ефективност како што ја искажуваат додека ги исполнуваат домашните обврски, каде што и ја наоѓаат најголемата мотивација-насмевката и задоволството на нејзините деца и сопругот.