Времето нема ништо да излечи ако го расипете часовникот

Никогаш нема да можете да знаете колку високо можете да летнете се додека не ги раширите крилата.

Никогаш не дозволувајте грубите зборови на луѓето околу вас, особено на оние кои не ја познаваат вашата личност да ви ги исечат тие крила кои ви се потребни да се вивнете високо над нив.

Во ред е дури и ако понекогаш доживеете неуспех. Но, научете како да ги оставите настрана од патот кон иднината. Што било – било, не можете да го промените минатото, но можете многу да научите од него.

Затоа секогаш имајте на ум дека:

– Можете да се движите кон иднината само ако престанете да се враќате кон минатото.
– Еден од најсреќните моменти во вашиот живот е оној кога конечно ќе пронајдете храброст да го пуштите од себе тоа што не можете да го промените.
– Тајната на успешната промена е во спосбноста да ја фокусирате целата своја енергија на создавање на нешто ново, а не на поправање на нешто што е старо.
– Времето нема ништо да излечи ако го расипете часовникот

Никогаш не се плашете да почнете од почеток. Таа нова шанса ќе ве однесе чекор поблиску до она што отсекогаш сте го посакувале. И запомнете, кога ветровите ќе засилат, некои луѓе градат заштни ѕидови, некои ветерници.

Што ќе изградите вие?

Likes:
0 0
Views:
17
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *