Да се биде нечија тетка е скапоцен дар на животот

Многу е убаво да се биде нечија тетка?

Се прашувате зошто? На ова прашање има премногу одговори!

Тетката е таа која разбира, која подржува, која не се грижи без причина, туку сака без граница! Да имаш тетка значи да бидеш нечиј „ангел“.

Тетката е добра пријателка, пример и утеха. Таа не осудува, не приговара. Таа само сака. Купува подароци кои ги одбира со внимание, а ги подарува дарувајќи дел од своето срце.

Тетката е добар готвач кој прави палачинки и крофрни „по нарачка“ без разлика колку и да е доцна.

Одлично си поминуваат со своите внуци/внуки на оние интересни места каде би било глупаво да се оди со мама.

Нивните прегратки се едни од најтоплите, нивните зборови се едни од најутешителните. Инспирација и мотивација.

Кога едно дете ќе каже дека неговата тетка е „царица“, верувајте, тоа е најголемиот комплимет што тетката може да го добие.

Во чест на сите тетки! Прекрасни сте!

Likes:
0 0
Views:
26
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *