Детски меморандум – задолжително четиво за секој родител

Не ме расипувај. Знам дека не треба да имам се што барам, само те проверувам!

Не се плаши да бидеш одлучен и да стоиш зад одлуките во врска со мене и моето однесување. Јас тоа всушност многу го сакам. Така знам каде сум и дека имам сигурен водач кон животот.

Немој да бидеш недоследен кога веќе си одлучил да ме казниш. Биди авторитет во моите очи а не страв. Ако не си доследен само ќе ме збуниш.

Не ми ветувај, можеби нема да можеш секогаш да го исполниш тоа што си ми го ветил, а тоа ќе ја наруши довербата што ја имам во тебе како родител.

Не користи сила против мене. Тоа само може да ме научи дека само со сила ќе можам да го добијам тоа што го сакам.

Не наседувај на провокација секогаш кога ќе кажам или ќе направам нешто што ќе те вознемири. Ако наседнеш на провокацијата, тоа ќе биде поттик за мене и наредниот пат преку провокација да постигнувам нови победи во нашиот однос.

Не дозволувај преку твоите постапки да се чувствувам помал отколку што реално сум.

Не го прави наместо мене она што јас можам да го направам сам. Тогаш се чувствувам како бебе кое треба да бара а јас сум способен за многу повеќе и тоа ми пречи.

Не ги осудувај моите емоции. Јас не секогаш знам дали одредена работа е добра или лоша. Научиме како да се соочам и со негативните аспекти од животот.

Не ги претворај моите грешки во гревови. Јас преку грешките учам, затоа морам да грешам без да направиш да се почувствувам дека не сум добро дете.

Не барај секогаш објаснување за моето лошо однесување. Понекогаш ниту самиот јас не знам дека сум направил нешто лошо. Наместо да ме искараш веднаш, објасни ми дека тоа не е во ред.

Не ме искушувај околу мојата искреност. Не очекувај премногу искреност од мене особено ако претходно си направил да се уплашам од твојата реакција што ќе ја предизвика мојот искрен одговор. Се плашам па ќе одлучам дека е подобро во тој момент да кажам лага.

Не ме заштитувај од сите последици. Ти нема секогаш и во сите ситуации да бидеш тука до мене. Морам да научам од сопственото искуство.

Не ме отфрлувај кога ќе ти поставам прашање. Ако одлучиш дека за такви глупости немаш време можеби ќе се покаеш подоцна кога јас ќе добијам грешен одговор од друго место- затоа што јас ќе продолжам да барам одговори.

Likes:
0 0
Views:
108
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.