Деца со аспергеров синдром како пофункционална форма на аутизмот – препознајте ги симптомите

Аспергеровиот синдром многу често се смета за повисока функционална форма на аутизмот. Како најзначајни карактеристики се потешкотии во социјалната интеракција, репетитивното однесување и честата несмасност како и бавен напредок на моторните способности.

Иако постојат многу симптоми карактеристични за Аспергер, главниот е изразен проблем во справувањето со социјалните интеракции. Детето може да има од благи до сериозно изразени симптоми. Поради изразената разноликост на симптомите не постојат две деца со исти симптоми.

Ова е синдром со фреквенција 3-4 пати позастапен кај машките деца. Иако лицата со Аспергер имаат потешкотии во социјализацијата, најголемиот дел од нив се со натпросечна интелигенција. Тие можат многу често да се натпросечни во програмирање и други науки. Не постои заостанатост во когнитивниот развој, способноста да се грижат за себе и интересот за околината.

Лицата со Аспергер се префокусирани или опседнати на еден објект или тема игнорирајќи ги другите. Тие се многу темелни и сакаат да знаат се за одредена тема и ретко зборуваат за нешто друго. Лицата со Аспегер ќе ви изнесат голем број факти за нивниот објект на интерес иако најчесто нема поента или заклучок на крајот. Не забележуваат дека спротивната страна не се интересира за разговорот.

Лицата со Аспергеров синдром не се повлекуваат од останатиот дел од светот како што тоа го прават лицата со аутизам. Тие напротив, многу често се обидуваат да им пристапат на други лица. Сепак нивните проблеми со јазикот и говорот во социјалната интеракција ги доведува до изолираност. Исто така говорот нателот може да отсуствува. Може да говорат со монотон тон и нагласок и може да не одговорат на коментарите на другите или на нивните емоционални потреби. Често не рабираат сарказам и хумор или може да ги разберат дискусиите многу буквално. Не можат да ја разберат потребата од промена на висината на гласот во различни ситуации. Имаат проблем со контактот со очи, изразите на лицето, држењето на телото или гестикулацијата (невербална комуникација). Издвоени се од другите и посочени како „чудни“ или „необични“ во најмала рака.

Секое дете со АСД има своја индивидуален начин на однесување. Некои од нив имаат заостанат развој од самото раѓање, други пак се развиваат нормално и одеднаш ги губат социјалните и јазични способности и вештини. Кај некои деца недостатокот на говор е поизразен, кај други нагласено е невообичаеното однесување (како редење во линија на играчките со часови). Родителите се најчесто првите што забележуваат дека нешто не е во ред кога нивното дете ќе тргне во претшколска установа и ќе започне интеракција со други деца.

Децата со Аспергеров синдром:

не обрануваат внимание на другите и им недостигаат вродените социјални навики како да го препознаваат говорот на телото на другите, да започнат и одржат разговор или го насочуваат во друг правец, на друга тема.

Не сакаат промени во секојдневната рутина.

Не покажуваат емпатија, чувство за околината.

Не разликуваат суптилни разлики во тонот на говорот, висината и акцентот што дава поразлично толкување на разговорот, па така може да не ги разбираат шегите или да додадат саркастичен коментар, а нивниот говор може да е без акцент, нагласеност и висина.

Пројавуваат т.н. формален говор (како постарите) што не е во согласнодт со возраста.

Избегнуваат контакт со очите или пак зјапаат во другите.

Имаат невообичаен израз на лицето или став, држење.

Преокупирани се со еден од неколку полиња на интерес за кои имаат исклушително темелни познавања.

Многу деца со Аспергеров синдром се прекумерно преокупирани со делови од целината или за невообичаени активности како на пр. Дизајнирање куќи, цртање на детални прикази или учат астрономија. Може да покажат зголемен интерес за одредени теми, на пр. Змии, имиња на ѕвезди или диносауруси.

Зборуваат премногу за омилените теми.

Едностраната комуникација е чест пример, а своите мисли ги прикажуваат вербално.

Можен е задоцнет развој на моториката како незнаење како да се служи со вилушка или лажица, да вози велосипед ил ида фати топка. Може да имаат и несмасен од. Ракописот најчесто е многу сиромашен.

Може да се високо сензибилни и прекумерно надразливи од гласни звуци, светла, јаки вкусови или текстури

Дете со еден или два од овие синдроми не значи дека има Аспергеров синдром. За да биде дијагностицирано мора да има комбинација од повеќето синдроми и да има изразен проблем во социјализацијата (отуѓеност).

Иако состојбите во многу нешта се како кај аутизмот, детето со Аспергеров синдром вообичаено има нормален говор и интелектуален развој. Исто така кај нив е многу поизразен напорот да се стекне пријател и да се вклучи во активностите на останатите.

Извор: vomojotsvet.mk

Likes:
0 0
Views:
21
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *