Достојната самотија е секогаш подбра опција од недостојното друштво

Оние кои денес ви велат дека ве сакаат, а утре заминуваат од вас, а потоа повторно се враќаат – не сакаат, тие повредуваат. Нивната љубов не е чиста емоција, туку склоп на изговори, прекор и иронија. Нивната љубов не доаѓа од срце кое познава почитување, зрелост и одговорност во однесувањето кон другите.

Да сакаш значи да бидеш среќен поради постоењето на саканата личност без желба да ја менуваш или да бараш нешто кое се темели на големи очекувања од таа личност за возврат.

Да сакаме некоја друга личност свесно и сигурно пред се мора да научиме да се сакаме самите себе. Достојната самотија е секогаш подбра опција од недостојното друштво.

Љубете без да очекувате. Не барајте ништо за возврат. Не притискајте тоа да трае вечно. Наместо да размислувате и делувате во таа насока работете на себе и своето вложување во врската. Не го напуштајте тоа што ве дефинира како личност, бидејќи во спротивно, ризикувате да изгубите се.

Не создавајте љубов која е полна со зависност. Создадете длабока љубов ,негувајте ги деталите,радувајте се на секој гест… Создавајте се освен зависност.

Не барајте идеална љубов. Залудно ќе го потрошите времето. Идеална љубов не постои. Она што на крајот ќе остане е сознанието дека вие како дел од таа љубовна врска сте го дале идеалот кој го поседувате знаејќи дека колку што е потребно разбирање и страст, толку е потребна и способноста за „преживување“ во тешките моменти кои знаат да бидат вистински предизвик и тест на посветеноста.

Likes:
0 0
Views:
24
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *