Забрането е да се откажеш од своите соништа поради стравот од промени

Забрането е да се откажеш од своите соништа поради стравот од промени,
забрането е да плачеш, а да не научиш ништо од она што те натерало да плачеш.
да се разбудиш, а да не знаеш што да правиш со себе,
да се плашиш од сопствените спомени.

Забрането е да не се насмееш дури и кога имаш проблеми,
да не се бориш за она што го сакаш,
да се откажеш од се поради стравот од промени.

Забрането е да ги напуштиш своите пријатели кога најмногу им требаш,
да не се обидеш да ги разбереш додека потсвесно ги осудуваш,
да ги бараш само кога ти се потребни.

Забрането е да не бидеш свој пред другите,
да се преправаш во нешто што не си само за да им се допаднеш на другите,
да ги заборавиш сите оние на кои си им важен.

Забрането е да не се избориш за своите соништа,
да не работиш на себе,
да бидеш исплашен од животот,
да не го живееш секој ден до последниот здив.

Забрането е да се откажеш од љубовта,
да заборавиш на доброто во себе и другите,
да му дадеш подршка на секој кој одбрал пат поинаков од твојот.

Забрането е да не се обидуваш да ги разбереш другите,
забрането е да мислиш дека неговиот живот е повреден од твојот,
да не се радуваш на туѓите успеси.

Забрането е да не создаваш своја приказна,
да не пишуваш своја драма во која ти нема да бидеш споредна улога,
да не го прифаќаш со радост тоа што животот ти го дава колку и да е мало.

Забрането е да заборавиш дека заслужуваш среќа,
да не го живееш животот со позитивна мисла,
да не сметаш дека секогаш можеш да бидеш подобра верзија од себе.

Забрането е да заборавиш на себе…
Светот без тебе никогаш нема да биде ист.

Пабло Неруда

Likes:
0 0
Views:
25
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *