За сите оние кои боледуваат од синдромот „тетка“

За синдромот „тетка“ нема да прочитате ниту во едно медицинско списание, иако, во реалниот живот, овој синдром е честа појава: состојба која кај една жена означува безволност, постојано негодување за нешто, замор, поглед кон животот во кој нема ниту една друга идеа освен таа како најубаво да се исчисти тоалетот, асексуалност и отсуство на желба за себеостварување.

Еден ден во мене се појави “тетка“. Не, тоа не се случи одеднаш. Потајно, полека, без да приметам таа излета од мене. На почетокот, таа намина само минутка или две на гости кај мојата безгрижна, полна со добра волја и позитивна мисла “внатрешна девојка“. Тоа се случуваше во стилот „не знам од каде сега ова ….. “ при секој наплив на лудило зошто не успевам да ја одржам чиста куќата, со исклучително силна мотивација да се посветам на чистење, рибање на подовите, перење, пеглање, врескање кон домашните дека јас сум единствената што се грижи за домаќинството, дека сум роб, слуга……

На почетокот мојата „внатрешна девојка“ брзо, брзо потоа е ја испратеше таа досадна гостинка. Многу брзо потоа се стануваше забавно, а моето семејство живееше во духот на спокојот, забавата и радоста што ја носеше животот.

Но… по раѓањето на првото дете, оваа непоканета гостинка се почесто доаѓаше кај мене и се задржуваше прилично долго, сокривајќи се под „социјално одобрените маски за секојдневна употреба“, под чувството на одговорноста, промените … По раѓањето на второто дете “тетката“ се пресели кај мене. Непристојно и цинично, носејќи го својот багаж: меланхолијата, чувството на досада и неисполнетост во животот, постојаното негодување, честото критикување на домашните, самосожалување, вишокот килограми, исушената маскара, скршениот кармин и многу други.

Таа направи целосна ревизија во својот нов дом , мојата душа, исфрлувајќи ги надвор сите мои чевли со високи потпетици, тесни маички, фармерки со низок струк. Секогаш кога страмежливо ќе и предложев да влеземе во продавница за долна облека таа непоколебливо ќе извикаше: Еј, каде си тргнала? Ти реба нов миксер, правосмукалката не влече добро, имаш премалку крпи во кујната!

Секој ден се посмело се движеше низ куќата. Поради нејзиното присуство моите деца со помалку се смееа, пријателите се поретко доаѓаа, сопругот престана да шепоти со нежност, престана да ме задева со насмевка на лицето додека ги мијам садовите. Многу работи се променија.

Пролет е. „Тетката“ во мене збеснува околу пролетното чистење. Поминав низ собите со правосмукалка. Се враќам во дневната кога што ќе видам-грицки насекаде по подот. Следува викотница до степен грлото да ме заболи. Моето дете ме гледа преплашено.

Се одалечувам од него. Да се смирам, да се смири. Ете го сонцето кое ме заслепи на прагот. Наместо да избројам до десет, во тој момент, мојата „внатрешна девојка“ го подигна гласот. Ме жегна нешто во градите, сфатив: животот стана неподнослив, моето семејство не е среќно!

Не ми беше лесно да ја изфрлам таа „тетка“ надвор од домот. Постепено доаѓаше, полека си заминуваше. Долго време се убедувавме дека тука не и местото.

Отидов и си купив лакирани високи чевли. Ја скратив и ја исфарбав косата. Тргнав од некаде, од таа мртва точка. Моето добро расположение стана како круг во водата- се повеќе си шири, се шири на сите кои се околу мене. Само „тетките“ мислат дека празниот садопер, совршено подредениот плакар и чистите теписи ќе ги направи среќни моите деца и мојот сопруг, заборавајќи на фактот дека кога мајките се среќни среќни се и нејзините деца.

Likes:
0 0
Views:
28
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *