Зошто е корисно да ја исчистите куќата користејќи крупна морска сол

Чистите подови не се само добар начин да се ослободите од прашината и бактериите, туку и да создадете здрава и пријатна атмосфера во вашиот дом. Енергијата која владее во домот е нешто на што навистина треба да се потрудиме да го одржиме на оптимално ниво.

За таа цел, уште од дамнина, постои еден интересен начин за подигнување на позитивната енергија во домот, пренесуван од генерација на генерација. Овој древен „ритуал“ кој ја враќа среќата во домот, мирот и благосостојбата подразбира употреба на сол при чистењето.

Оваа постапка спроведете ја доколку често мачат несоници или пак непријатни соништа, доколку често сте болни вие или членовите на вашето семејство, ако собните билки венеат, електричните уреди често се расипуваат, доколку имате чувство дека без разлика на заработката парите постојано се „одлеваат“ и вие чувствувате константен недостаток на финансиски сретства, доколку некој неодамна починал во домот и сл.

Правилата се следни:

Во длабок сад налејте седум литри вода и три супени лажици крупна морска сол. Потоа отворете ги прозорците и почнете со чистење, прво пребришувајќи го подот, а потоа и полиците, столчињата и кваките од вратите. Постапкатата повторувајте ја еднаш месечно.

Likes:
0 0
Views:
24

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *