Не заборавајте дека секој човек со кој што разговарате е исто што и вие-личност

Никогаш не заборавајте дека секој човек со кој што разговарате е исто што и вие-личност! Кога нешто нема да ви се допадне потсетете се дека секоја личност, па и вие и таа спроти вас има формиран поглед на нештата и за тоа има свои причини. Сите луѓе кои ги сретнувате по вашиот пат се борци во своите сопствени битки, војни за кои вие ништо не знаете.

Внимавајте на човековата самопочит. Не зборувајте премногу, делувајте! Помалку зборови, повеќе дела. Зборовите се секогаш минливи. Делата се тие кои ја одредуваат вашата личност. Доколку ништо не превземете, како може да ви се помогне, како можете да помогнете? Едно е сигурно, автомобилот мора да се движи за да можете да управувате со него.

Поставете ги целите и тргнете по патот кон нивното остварување. Но имајте во предвид, дека правилниот пат не е секогаш правиот пат. Само замислете да се наоѓате на триесетиот кат од една висококатница и да треба да се симнете. Најкраткиот и најбрзиот пат е да скокнете од прозор. За миг ќе сте долу. Но, тука и најверојатно ќе заврши вашето патување. Да, скалите се најтешката опција која сигурно ќе ве одведе до целта без ризици. Најоптимален избор е секако лифтот.

Затоа може да се каже дека секој човек кој нема да го избере правилниот, туку правиот пат изгледа како мува која упорно се удира во стаклото не сфаќајќи дека многу побргу ќе излезе преку отворената врата.

Среќно на вашиот лет!

Likes:
0 0
Views:
112
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.