Ниту една „црна вистина“ не боли повеќе од „шарените лаги“

Лагите, а најмногу лагите кои си ги кажувате самите на себе се едно од најсилните нешта кои го нарушуваат вашиот душевен мир.

Кого лажете и уште поважно зошто лажете? Ако мислите дека вистината ќе ве боли, тогаш потрудете се малку повеќе и подобро да ја анализирате лагата. Долгорочно гледано, ниту една „црна вистина“ не боли повеќе од „шарените лаги“.

Таа лоша практика води кон уште една – грижа за нештата кои уште не се случиле. Зошто воопшто помислувате да ја троишите вашата енергија и вашето време на работи кои сеуште не се случиле. Грижата е природна емоција, но до вас е да одберете најдобар начин како ќе ја контролирате пред да ве завземе во целост и да ви се извлече од контрола. Во спротивно ќе се соочите со константен стрес кој може да биде погубен по вашето здравје.

Наредната алка во ланецот на нештата кои го одземаат вашиот духовен мир, како причинско-последична акција, веднаш по грижата за нештата кои уште не се случиле е токму негативноста. Не е се толко лошо, верувајте! Доброто е насекаде околу нас, среќата е тука , само од нас зависи дали ќе и дадеме шанса и дали ќе ја препознаеме. Во тој поглед, сериозно мораме да размислиме на кое ниво се нашите очекувања за тоа што би не направило среќни. Негативноста, доколку и дозволиме, може да ја исцеди и последната капка енергија од нас. Дали нешто е навистина толку вредно за да се случи такво нешто, да се изгубиме самите себе?

Likes:
0 0
Views:
22
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *