Секогаш кога ќе те обземе лутина не заборавај да помислиш и на последиците

Конфучиј, кинески филозоф и социјален реформатор чие учење било исклучително значајно особено за народите од источна Азија секогаш повикувал на искреност, праведност и почитување на одредени правила на социјалните односи меѓу луѓето.

Ова се неколку важни животни лекции чија основа наоѓаат во учењата на овој голем мислител, а можат да се применуваат дури и ден-денес.

Одберете ја вашата омилена и секако, не заборавајте да ја практикувате во иднината.

– Не е воопшто важно колку споро се движиш, се додека не застануваш!
– Никогаш не создавај пријателство со човек кој мислиш дека е многу полош од тебе.
– Секогаш кога ќе те обземе лутина не заборавај да помислиш и на последиците!
– Кога ќе стане очигледно дека не можеш да ги постигнеш своите цели, не ги менувај целите туку чекорите кои ги превземаш да стигнеш до целта!
– Ако мразиш некоја личност, таа личност веќе те поразила!
– Она што мудриот човек го бара во себе, простиот човек го бара во другите!
– Покажи им го патот само на оние кои застанале да те прашаат за насока!
– Опседнатоста со малите нешта не може да те направат голем човек!
– Размисли, ако те оговараат позади грб тоа значи само едно-пред нив си!

Likes:
0 0
Views:
114
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.