Таблети за итна контрацепција-во кој случај тие не делуваат

Таблетата „ден потоа“ е начин на итна контрацепција и се користи во исклучителни и непредвидени ситуации, кога од некоја друга причина не е користен или не делувал друг начин на контрацепција.

Меѓутоа, таблетите „ден потоа“ не делуваат доколку се земат 72 часа по незаштитениот однос.

Овие таблети се хормонски и постојат два вида:

– таблети со прогестерон

– таблети со прогестерон и естроген

И двата типа делуваат на тој начин што ја спечуваат овулацијата, односно имплантацијата на веќе оплодената јајце клетка во матката.

Таблетата треба да се земе што поскоро по незаштитениот сексуален однос, а најдоцна 72 часа по сексуалниот чин. Всушност, за да се постигне саканата цел се пијат две таблети, една до 24 часа по односот, а друга 12 часа подоцна. Во тој случај веројатноста за спечување на несаканата бременост е дури 95%.

Земањето на таблетата по истекот на 72 часа со голема веројатност нема да делува, односно бременоста и понатаму ќе биде возможна. Забременувањето е возможно дури и ако жената ја земала таблетата, но набрзо потоа, најдоцна во рок од еден час поврати и не земе друга таблета.

Likes:
0 0
Views:
116
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.