Толку е едноставно да се биде среќен, но претешко е да се биде едноставен

Толку е едноставно да се биде среќен, но претешко е да се биде едноставен. Каде навистина се крие среќата? Дали во надворешните материјални нешта што не опкружуваат или во внатешноста на нашата душа?

Дали среќата е измама? Апсолутно не ! Она што е голема измама е всушност тоа дека среќата се бара. Не, таа не се бара, таа се создава. Таа не се наоѓа, таа се создава. Зошто да го потрошиме животот во залудно барање на среќата, кога би можеле уште во истиот момент да ја создадеме. А за тоа не постои одредена шема, конкретна стратегија со чија помош ќе ја создадеме среќата. Начинот на кој ќе го постигнеме тоа е индивидуален.

Среќата не се гради врз „туѓиот“ грб. Нашата големина треба да се темели на сопствениот идентитет. А за да го постигнеме тоа не ни се потребни лајкувани инстаграм фотографии туку многу храброст. Среќата не зависи од тоа кој и што сме, туку од тоа што мислиме.

Понекогаш, таа храброст ни е потребна да почнеме од почеток. Да оставиме се што сме создавале до сега и да создадеме нешто ново. Да создадеме нова, уште подобра верзија од себе која има способност да продуцира среќа. Ако не знаете што да правите, работете на себе-тука секогаш има работа. Да се залечат раните, да се победат фрустрациите, да се пронајде нова мотивација.

Кога ќе ве боли едната нога, помислете дека постои некој човек на светот кој ги нема двете нозе. Ќе ви олесни….

Likes:
0 0
Views:
24
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *