Учењето од сопствените грешки значи потикнување на самостојноста на детето

Дозволете му на детето да учи од сопственото искуство. Вистината е дека никогаш нема да го успеете да го заштитите во целост од сите несакани ефекти што секојдневието ќе ги има врз него, без разлика колку и да се обидувате. ( но, сигурни сме дека сте далеку од тоа да бидете т.н. хеликоптер мајка )

Учењето од сопствените грешки значи и потикнување на самостојноста на детето. Способноста самостојно да носи одлуки е важно искуство во процесот на откривање на сопствените можности. На тој начин детето учи да биде одговорно кон себе и кон другите, да ги препознае и адекватно да ги задоволи своите потреби.

Самостојноста, понатаму, го зголемува чувството за сопственото вреднување.

Детето најдобро учи кога ќе му биде дозволено да учи од сопственото искуство. Ако тоа одлучи да не јаде доволно, тогаш самото ќе почувствува дека е гладно. Ако детето не ја крене играчката на соодветното место, можеби утре нема да може да ја најде, ако одлучи да не облече јакна ќе се соочи со студ. Причинско-последичните врски во секојдневието се учат само со практично искуство.

Дозволете му ја на детето таа можност практично да се запознае со нештата, никогаш нема да верува толку во вашите долги „говори“ полни теорија, се додека не ги искуси нештата на „своја кожа.“

Likes:
0 0
Views:
17
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *