Читањето ја подобрува способноста за помнење

Истражувањата велат дека дури за 30% се помали шансите да заболите од алцхајмерова болест доколку редовно читате книги.Читајќи нешто ново, мозокот секогаш создава нов простор за новите информации, што на долг рок, значително придонесува за подобрување на помнењето.

Додека читаме, нашиот мозок развива способност за визуелно препознавање на зборовите. Кога зборовите ги препознаваме како еден вид слики, во нас слушаме како гласно се изговараат без да ја отвориме устата.

Според медицинските податоци, читајќи луѓето користат различни делови од мозокот. Таа разлика е особено воочлива кога се чита испечатена книга или кога се чита нешто онлајн. Способноста за линеарна визуелизација е повеќе изразена кога читаме печатени книги, што не е случај со читањето од екран, каде погледот лесно може да залута и надвор од редовите.

Доколку сте вистински љубител на книгите и читањето, ви предлагаме да ја разгледате богатата книготека на One Stop Shop каде ќе најдете наслови кои веруваме дека ќе го заробат вашето внимание.

Likes:
0 0
Views:
115
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.