Чоколадото не прави среќни-потврдува науката

Науката вели – чоколадото може да не направи среќни! Тоа се должи на подигнување на нивото на енфрофинот во мозокот, што пак доведува до зголемување на производството на серотонин, одговорен за чувството на среќа и задоволство.

Најстарата компанија за произвоство на чоколадо е основана во 1894 година под името „Hershey’s“ Интересен е податокот дека за подготовка на еден килограм црно чоколадо потребни се во просек околу триста зрна какао. Најголемото чоколадо кое е произведено до сега, а е влезено во Гинисовата книга на рекорди тежи шест тони и е направено во Чикаго.

Статистиката вели дека половина од светската потрошувачка на чоколада е токму во Европа. Секој Швајцарец јаде во просек по десетина килограми чоколада годишно. Од друга страна, најголем дел од втората половина од светската потрошувачка на чоколадо и припаѓа на Америка.

Во услови на преголема конкуренција, сеуште најпродавано чоколадо е „Тоблероне“. Според потрошувачката, доколку се наредат едно до друго продадените парчиња од ова чоколадо можат да ја обвиткаат земјината топка и да го надминат обемот за повеќе од 50,000 километри.

Иако претставува вистинско задоволство за сите сетила, сепак треба да внимаваме со количината на чоколадо која ја консумираме. Не се во прашање само калориите што ќе ги внесеме, туку и теоброминот, моќна состојка во чоколадата која во преголеми количини во организмот може да предизвика дехидратација и оштетување на бубрезите.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *