Вашата војна со минатото може да ви ја уништи иднината

Животот е како возење на луда железница, полн со подеми и падови, успеси и разочарувања. Една од најважните способности што треба да ги имате е да умеете да станете откако ќе паднете, да ги истресете правливите колена и дланки и да продолжите понатаму.

Не постои ништо подеструктивно од лошата мислата и депресивното расположение. Но, ако размислите подобро, не постои нешто што подобро мотивира од неволјата. Бидете храбри и внимателно одберете го начинот на кој ќе делувате во животот, потпирајќи се на исконските животни вистини:

Склучете мир со вашето минато. Бидејќи тоа може да ја уништи вашата иднина.

Што другите мислат тоа не е ваш проблем. За вас треба да биде вредно само мислењето што го имате самите за себе.

Времето лечи ( скоро ) се!

Не го врзувајте постоењето на вашата среќа со никој и со ништо.Никој не може да биде извор на вашата среќа освен вие самите, или можеби вашите деца. Не губете време и сила во потрага по нешто што ќе ве направи среќни, туку научете да бидете среќни со она што во мометот го имате.

Престанете со деноноќното размислување за тоа како ќе биде и анализирање на она што веќе било. Не можете да го знаете одговорот на сите прашања. Прифатете го ризикот да живеете со полни гради, а не да преживувате.

Смејте се! Решавањето на сите проблеми во светот не е ваша задача. Насмевката е една крива линија што може да исправи многу работи.

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *