Внимателно со магдоносот и нането за време на доењето

Според одредени истражувања, познато е дека нането и магдоносот во извесна мера можат да ја намалат продукцијата на млеко во текот на доењето.

Секако, за да се случи тоа потребно е доилката да консумира поголеми количини на напитоци од овие билки во континуитет.

Шолја чај од нане сигурно нема да има ваков ефект врз лактацијата, но повеќе шолји во текот на еден ден, неколку дена по ред,  можат да влијаат врз процесот на производство на мајчиното млеко.

Поголем негативен ефект може да се постигне доколку доилката консумира ментол капки за намалување на кашлицата.

Исто така и концентрираните масла од нане не само што го имаат тој негативен ефет туку и не се сметаат за сигурни за време на доењето.

Likes:
0 0
Views:
17
Article Tags:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *