Возраста како фактор кој влијае врз можноста за забременување

Со стареењето жените неповратно ги губат своите јајце клетки, за разлика од мажите кај кои на секои три месеци се случува процес на обнова на производството на сперматозоиди-процес кој трае се до нивната 70- та година.

Многубројни истражувања утврдиле дека во периодот од 16-та до 43-та година од животот една жена има околу 500 јајце клетки, од кои секој месец се употребува една. Во процесот на созревање понекогаш може и повеќе јајце клетки истовремено да се вклучат, но само една да биде оплодена, а другите загубени.

Тоа не е континуран процес бидејќи со текот на времето како што старее жената бројот на јајце клетките кои созреваат се намалува, или клетката не е во способност да дојде до фазата на зрелост. Токму тоа ја намалува можноста за забременување.

Likes:
0 0
Views:
24
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *