Ги сакам луѓето кои не покажуваат лажна големина

Ги сакам луѓето кои не покажуваат лажна големина затоа што не морам премногу да се оптоварувам со тоа што ќе им речам на тие луѓе, на кој начин ќе ги им ги соопштам своите ставови и каков впечаток ќе создадат тие за мене. Тие имаат способност да го разберат она што им се вели, без разлика на начинот на кој што им се соопштуваат вестите – тие се толку едноставни и реални личности.

Таквите луѓе имаат слух за туѓите проблеми, сомнежи и стравови. Поради таа особина тие се подготвени да те сослушаат и да те разберат без да размислуваат за себе во оние моменти кога другите се отвораат и гласно размислуваат.

Ги сакам луѓето кои не покажуваат друго лице освен она што го имаат. Овој свет кој е полн со игри, интриги, маски, има потреба од таквите луѓе повеќе од било што друго.Во овој свет се почести се игрите на дволичност, потребата со лажно „јас“ да му се допаднеме некому, потребата да бидеме над другите без да внимаваме кои зборови ќе ги кажеме и кои дела ќе ги направиме за да го постигнеме тоа. Ги сакам тие луѓе кои немаат повеќе од едно лице, затоа што тие го кажуваат токму она што го мислат.

Луѓето кои не покажуваат лажна големина, луѓето кои немаат повеќе од едно лице – тоа се луѓето кои знаат дека чистиот образ и честа не се купуваат, ниту пак се продаваат за некои ситни овоземски интереси.

Со овие луѓе, јас можам да поминам и денови, без да изустам ниту збор, а да си заминам како да сум кажала и премногу.

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *