Дали обликот и големината на трудничкиот стомак можат да го откријат полот на бебето

Големината и обликот на стомакот на идната  мајка  во бременоста е несомнено една од поинтересните теми за дискусија, особено кога за тоа разговаат нашите баби кои сигурно имаат многу „стручни“ објаснувања што е причината за големината и обликот на сигурната лулка на малечкото пред тоа да се роди.

Бабите велат: големиот стомак во текот на бременоста значи дека и бебето ќе се роди крупно.

Науката вели: големината на стомакот зависи од многу фактори, меѓу кои и масното ткиво во таа регија што веќе било тука пред бременоста, поинтензивната појава на гасови и надуеност кои се вообичаени за време на бременоста, самата карлична градба на идната мајка и сл.

Бабите велат: Според обликот на трудничкиот стомак може да се открие полот на бебето. Жените кои го носат стомакот ниско сигурно ќе родат момче, додека пак стомакот испакнат кон напред и високо поставен е знак дека ќе се роди девојче.

Науката вели: Обликот на трудничкиот стомак може да открие само во која состојба се наоѓаат стомачните мускули и мускулите што се во непосредна близина на желудникот. Поотпуштените мускули го прават стомакот да изгледа пониско и обратно. Исто така се смета дека жените кои се пониски имаат поширок стомак, додека потесен и поиспакнат кон напред имаат жените кои се малку повисоки ( секако секогаш постојат исклучоци ).

Likes:
0 0
Views:
22
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *