За жените кои биле учени да молчат, но сепак го пронашле својот глас

Кои се тие жени што знаат дека, во својата животна приказна, тие се писателот кој го држи моливот во рака?

Тие жени се однесуваат како нивното тело да е нивен храм. Жени кои биле учени да молчат, но сепак го пронашле својот глас. Жени кои биле учени да седнат покорно, но тие избрале да станат да и да се борат за себе.

Тоа се жените кои ги одбиле сите сценарија на животот во кои тие се споредна улога. Жени чиј што живот не е романтична бајка, можеби драма, трилер, авантура, еротика….. Девојките кои пораснале мерејќи го сопствениот успех врз основа на она што тие самите го постигнале за себе.

Тоа се сите жени кои тежнееле кон тоа да станат онаа личност за која што сонувале уште од мали, чии што животни соништа не се базирале само на мажот кој ќе ги освои, кој ќе се бори за нив и ќе ги спаси од обичното секојдневие.Тие жени се самите свои спасителки, свои хероини, силни протагонисти на своите победнички приказни.

Тоа се жените кои ја почувствувале осаменоста, кои почувствувале падови и подеми, жени кои со чисти мисли и искрени срца се соочиле со сите судири во животот, свесни дека се гордеат со тоа што одбрале да бидат. Жени кои ја почувствувале тежината на своите одлуки, но сепак ги донеле тие одлуки бидејќи се храбри да се изборат за животот со полни гради.

Вам, хероини, треба да ви поклони светот!

Likes:
0 0
Views:
17
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *