Зголемена влакнетост кај жените – симптоми и третман

Зголемената влакнетост кај жените се нарекува хирзутизам и претставува состојба кога се појавуваат влакна на делови од женското тело каде вообичаено не се присутни,односно постои минимална влакнетост-над усните, на образите и брадата, помеѓу градите, на грбот, на бутовите, околу аеролите на градите, на задникот и сл.

Според статистичките податоци околу 27% од жените страдаатод хирзутизам.

Причина за појава на оваа состојба е зголеменото ниво на тестостерон и останати андрогени од адреналните жлезди и јајниците, но во групата на причинители спаѓаат и постоењето на одредени заболувања на хипофизата, хипотироидизам, полицистични јајници, заболувања на надбубрежните жлезди, користење на контрацептивни лекови и друго.

При постоење на оваа состојба на оние места на телото на жената каде што вообичаено нема влкана се појавуваат густи и темни влакна. Поради тоа, физичкиот преглед е првиот чекор кон поставувањето на дијагнозата. Во тој процес понатаму следат низа лабараториски испитувања, особено комплетен хормонален статус.

Лекувањето на хирзутизмот не е секогаш исто и најчесто се одредува според причинителот кој довел до појавата на зголемена влакнетост кај жените. Најчесто третманот за хирзутизам вклучува терапија со антиандрогени како орални комбинирани контрацептивни препарати.

Третманот на веќе постоечките темни, цврсти и густи влакна најчесто подразбира подложување на ласерска епилација. Самиот процес на отстранување на веќе постоечките влакна на несаканите места се препорачува по нормализирање на нивото на андрогените во организмот.

Likes:
0 0
Views:
102
Article Tags:
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.