Зошто е корисно да пиете чај од суво грозје

Сварените зрна на сувото грозје имаат значително помала количина на шеќери, а со самото тоа и далеку помалку калории во својот состав. Научно е докажано дека редовната консумација на чај од суво грозје ќе ја подобри работата на дигестивниот систем и ќе ве наполни со енергија.

Чајот од суво грозје е незаменливо средство во борбата против подуеноста во стомакот, болното варење на храната и грчеви во стомакот. Поради директната стимулација на излачувањето на желудочниот сок, храната полесно се вари, а организмот добива повеќе хранливи материи.

Исто така, овој вкусен напиток делува кон зајакнување на имунитетот, преку стимулација на биохемиските процеси кои овозможуваат прочистување на крвта и меките ткива од токсини. Поради таа негова особина, овој чај се користи како превентивна мерка против заболувања на црниот дроб.

За да подготвите чај од суво грозје потребни ви се само половина литар вода и 200 грама суво грозје.

Во сад на оган налејте ја водата и оставете ја да зоврие. Во водата што врие додадете го сувото грозје. Варете на умерена температура околу половина час. Потоа тргнете го садот од оган, прекријте го со капак и оставете да преноќи. Утрото процедете го чајот.

Консумирајте го во текот на наредниот ден, без да го загревате.

Оптимални резултати можете да очекувате од овој вкусен и здрав напиток доколку го консумирате барем половина час пред оброкот.

Likes:
0 0
Views:
153
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.