Зошто треба да го запишувате на лист хартија се она што ви создава грижи

Да го сочувате вашето ментално здравје е полесно отколку што мислите.

Психолозите препорачуваат да ги следите следниве чекори:

– Запишувајте го на лист хартија се она што ви создава грижи

Тоа е најдобриот начин да добиете реална претстава за тоа што е изворот на вашите грижи. Читајќи го она што сте го запишале многу полесно ќе увидите дали постои реална основа тоа што вие мислите дека претставува проблем да биде наречен проблем, а доколку е , полесно да ги изнајдете решенијата.

– Медитирајте

Пронајдете го својот мир, тестирајте ги своите способности. Медитацијата го лекува духот и ја подигнува на оптимално ниво менталната стабилност.

– Вежбајте

На тој начин, многу лесно ќе го натерате мозокот, додека сте фокусирани на вежбите, да престане да се оптоварува со грижите. Можеби ќе ви биде тешко на почетокот да го постигнете ова, но едно е сигурно, редовното вежбање ќе ви помогне да го вратите чувството за контрола над сопствениот живот.

Likes:
0 0
Views:
18

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *