Како да ги препознате луѓето со расипано срце

Често не сакаме да поверуваме дека некоја личност, во која искрено веруваме, е способна да не изневери, да не повреди или да не доведе во заблуда. Често сме во целосно неверување која ќе се случи оној момент кој кога тогаш, ќе мора да се случи за луѓето што носат маска на лицето – паѓањето на маската и откривањето на нивното вистинско „јас“.

Постојат јасни сигнали дека сме опкружени со личности кои имаат „расипано“ срце, чие рано препознавање може да не спаси од тој шок и неверување, како и од напорите да се поправат штетите што тие луѓе можат да ни ги нанесат.

Луѓето чија душа е зло, имаат мисла која рефлектира зло – тие се професионалци во создавањето на забуни, заблуди и изнаоѓање на причини за расправии преку извртување на реалноста. Често лажат, избегнуваат да превземат одговорност за своите постапки и ја негираат реалноста создавајќи околности кои се во нивна корист.

Тие луѓе имаат неверојатна способност да ги залажат останатите со својата слаткоречивост – зборовите што излегувааат од нивната уста се едно, а делата сосема друго. Нивниот живот е илузија, а душевна храна им е болката на другите. За жал, таквите луѓе никогаш не се менуваат.Зошто не доаѓа до промена? Тие личности ги отфрлаат конструктивните критики, додека создаваат правила на живеење кои не се базирани на морални норми.

Луѓето со расипано срце често играат на картата на симпатиите на добродушните луѓе. Бараат емпатија, но самите тие не ја нудат на другите. Бараат топлина и интимност во односот со другите,но не ја даваат. Грешат, но се однесуваат без ниту трошка покајание кон болката која нанеле на другиот, а кога ним ќе им згреши некој тогаш негодуваат дека не се разбрани и дека се повредени.

Во отсуство на емоционална совест тие не знаат за покајание. Живеат без намера да се изборат со своето злоба, напротив, уживаат во неа, делувајќи под маската на „богатиот“ карактер.

Likes:
0 0
Views:
16
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *