Како се манифестира недостатокот на витамин Ц кај децата

Витаминот Ц има силно антиоксидативното и имунопротективно дејство. Поради овие негови особини се препорачува да се обезбеди негово оптимално ниво во организмот пред се како превентивна мерка против настинки и вируси и за зајакнување на имунолошкиот систем.

 Витаминот Ц помага во ресорпцијата на железото што во улога на „помагател“ индиректно влијае во борбата против анемијата. Исто така, овој витамин помага во клеточниот раст, обновување на ткивата и заздравувањето на раните преку процесот на помагање на синтезата на колагенот во организмот.

Поради хранливите намирници кои се често дел од нашето мени, недостатокот на витамин Ц во детскиот организам е ретка појава, секако се додека детето се храни здраво и разновидно.

Сепак, недостатокот на витамин Ц е возможен и се манифестира со појава на низа симптоми.

Лесно создавање на модринки, проблеми со зглобовите, сува кожа и слаб апетит, се знаци дека детето нема витамин Ц . Често, крварење од носот, чести инфекции и настинки, исто така, може да бидат поврзани со недостатокот на овој витамин. Дефицитот на витамин Ц се манифестира и со потешко зараснување на раните, крварење од непцата, вкочанетост на мускулите, слабост, поспаност и раздразливост.

Во борбата против недостатокот на овој витамин најбрзо можат да помогнат хранливите состојки како што се агруми, јагоди, домати, киви, лимон, портокал, зелка, зелена пиперка и останатиот вид на зелен зеленчук.

Likes:
0 0
Views:
106
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.