Кој орган на бебето најмногу страда поради пушењето на мајката во бременоста

Од пушењето во текот на бременоста најмногу страда еден орган на бебето-но тоа не се белите дробови-тврдат лекарите.

Тим американски научници докажале дека пушењето во текот на бременоста го зголемува ризикот  клетките на црниот дроб на плодот да бидат оштетени.

Опасните и штетни хемикалии во димот од цигарите го уништува црниот дроб кој е важен за регулирање на нивото на токсини во организмот, нивно елиминирање и нормален метаболизам.

Исто така, чадот од цигарите влијае негативно на постелката, односно доведува до нејзино брзо созревање што пак може да доведе до предвремено породување или раѓање на бебе со ниска родилна тежина. Токсините од цигарите стигнуваат до  крвотокот на идната мајка, кој пак претставува единствен извор на кислород и храниви материи за бебето.

Помалото количество на кислород кое бебето го добива поради присуството на токсини може да има големо негативно влијание врз бебешкиот раст и развој. Пушењето за време на бременоста дупло ги зголемува шансите за предвремено раѓање на бебето или раѓање на бебе со помала телесна тежина.

Затоа, доколку сте трудница, сериозно размислете дали е време да се откажете од таа лоша навика.  Доколку пушите цигари и за време на бременоста, веднаш почнете да размислувате за нивно откажување.

Likes:
0 0
Views:
115
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.