Мала, но поучна приказна за рајот и пеколот

Еднаш, одамна на еден човек му се дала прилика да го види Бог.

Во обид да дознае се што му е важно, човекот замолил: Боже, би сакал да вида, како изгледаат рајот и пеколот.

Бог го земал човекот за рака и го однел пред две врати.

Откако ја отвориле едната од вратите, виделе една голема маса со голема чинија на неа и четири столчиња. Чинијата биле преполна со храна која мирисла преубаво.

Околу неа седеле неколку луѓе кои изгледале како да се болни, беспомошни и прегладнети. На раката на секој од луѓето била прицврстена лажица со долга рачка. Тие лесно можеле да ја дофатат храната, но не можеле да ја принесат до устата поради долгата рачка на лажицата.

– Сега го виде пеколот – му рекол Бог на човекот.Потоа Бог ја отворил и другата врата.Човекот здогледал иста таква голема маса, со потполно иста голема чинија на неа, преполна со вкусна храна. И со луѓето било исто, сите имале на својата рака прицврстено лажица со долга рачка. Но, тие изгледале пресреќно и задоволно.-Ова е рајот – му рече Бог на човекот.– Не разбирам – одговорил човекот.– Едноставно е, овие луѓе научиле како да се нахранат и покрај долгите рачки на лажиците. Овие луѓе се хранат меѓусебно, рачката е доволно долга да допре до устата на другиот. А тие во пеколот, тие мислат само на себе. Она што го прави пеколот таков каков што е и она што го прави рајот токму таков каков што е сме самите ние. Значи, разликата зависи од нас.

Likes:
0 0
Views:
104
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.