Не дозволувајте да ја убијат човечноста во вас луѓето кои воопшто ја немаат

Не дозволувајте да ја убијат човечноста во вас луѓето кои воопшто ја немаат.

Не дозволувајте да го направат тоа на тој начин што ќе ве повредат, ќе се обидат да го скршат вашиот дух, да се обесхрабрат или да ве разочаараат, бидејќи сте слободни онолку колку што има човечност во вас.

Не дозволувајте тие луѓе да ве заробат во желбата за одмазда, да почнете да размислувате дека вашата среќа ќе дојде во оној момент кога ќе им вратите „око за око“.

Верувајте, ниту тогаш ќе немате мир, постојаното размислување како да ги израмните сметките ќе ве исцрпи и емотивно истроши, затоа што тоа е борба која нема крај во животот кој, за жал, има крај.

Добрината не е извор на слабост, туку извор на сила. Не дозволувајте да ја убијат човечноста во вас оние луѓе кои се сметаат дека се „повисоко“ од вас, оние кои сметаат дека дури и да успеете да се искачите највисоко пак би биле пониско од нив. Токму на нив дозволете им да се капат во своето его, верувајте, голема е веројатноста да се удават во него еден ден.

Likes:
0 0
Views:
117
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.