Одредете ја вашата судбина преку моќта на вашиот ум

Нема цел доколку времето го поминуваме размислувајќи и во грижа за оние работи кои не можеме да ги промениме, зарем не? Препуштете го светот да се занимава со тоа, додека вие се вртите кон себе и својот внатрешен живот.

На вас е да одлучите дали навистина сакате да станете позитивна личност која ќе живее исполнет и среќен живот, или и понатаму ќе преживувате наместо да живеете во константно чувство на неисполнетост.

За да ги привлечете позитивните случувања во вашиот живот мора да почнете да размислувате позитивно. Дали некогаш сте слушнале за законот на привлекување?

Многу научници го делат истото мислење, дека нештата во животот се случуваат под дејство на склоп на т.н. закони на универзумот, кои всушност се еден вид на насочувачи кои го одредуваат текот на нашиот живот. Еден од тие е законот на привлекување. Според него, секој човек сам може да ја одреди својата судбина преку моќта на својот ум, односно моќта на своите мисли. Ова негово дејство најмногу се рефлектира врз односите на околината која не опкружува и нашата финансиска состојба.

Тоа што го мислите, тоа и ќе бидете. Позитивното размислување можеби и не ви делува лесно и едноставно во време на тешкотија и неизвесност. Но едно е сигурно, колку и да звучи нелогично, ќе ви помогне да сфатите дека секоја негативност има своја позитивна страна, па така, фокусирајќи се на позитивните можнссти  може да ги решите проблемите гледајќи го животот од неговата светла страна.

Likes:
0 0
Views:
20
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *