Повозрасните парови имаат поголема шанса да добијат девојче

Момче или девојче, шансата да погодите што носите секогаш е релативна ( за поголемата точност на прогнозирањата за полот на бебето денес можеме да и се заблагодариме на современата медицинска технологија ),  но едно нешто е сигурно-најточната информација ќе ја имате кога ќе се породите.

Според научниците, постојат многу внатрешни и надворешни фактори кои влијаат врз тоа од кој пол ќе биде зачнатото бебе.

Истражувањата на научниците даваат некои прецизни упатства кои би требало да гарантираат дека ќе добиете дете од саканиот пол.

Како до девојче?

– Според истражувањата повозрасните парови ( жени постари од 35 и мажи постари од 40 години ) имаат поголема шанса да добијат девојче поради влијанието на брзината и отпорноста на сперматозоидите.

– Исто така, жените кои се под голем стрес на работа и дома пред да забременат имаат поголема шанса да родат девојче.

– Зимата е идеално време за зачнување девојче. Овој податок како факт е забележан и во животинскиот свет. Во текот на зимските месеци почести се одедени инфективни влијанија однадвор, а сперматозоидите кои зачнуваат девојче се поиздржливи од машките сперматозоиди.

– Верувале или не, но дури и работните обврски на таткото влијаат во извесна мера врз тоа дали ќе се зачне девојче или не. Работата која подразбира изложување на поголема мера на стрес може да резултира со раѓање на девојче. Меѓу татковците на девојчињата во најголем број се сретнуваат професии како што се професионални возачи, пилоти или нуркачи.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *