Позитивноста е избор-изберете мудро

Секогаш кога ќе се најдете спроти психолошки „тешка“ личност или личност која што е непријателски настроена, едно е најважно – не отстапувајте од својот став!

Вашиот став е олицетворение на вашите убедувања, кои пак се дел од мозаикот наречен живот,вашиот живот. Затоа, добро размислете дали нештото е толку вредно за да дозволите лична промена. Можеби не можете да го контролирате сето она што другите го прават и начинот на кој тие дејства влијаат врз вас и вашиот начин на живот, но едно е сигурно, ако се почитувате себеси нема да одлучите да се повлечете во некој агол со „свиткан опаш“ туку храбро ќе одлучите покрај кого ќе чекорите утре, а кого ќе оставите позади себе, уште денес.

Одбраната на својот став не секогаш значи дека тоа можете да го постигнете со расправија. Не дозволувајте другите да ве вовлечат во непотребна расправија. Времето поминато во обид да им ги објаснувате своите ставови на луѓето кои немаат свои, луѓе кои веќе неколку пати досега докажале дека немаат разбирање за вас, е залудно потрошено време.

Својата интелегенција и лична вредност никогаш не ја дефинирате според бројот на расправии од кои сте излегле како победник, туку по фактот колку пати сте кажале некому дека расправијата не е вредна за вашето време и внимание.

На тој начин нема да им дозволите на другите да ве вовлечат во нивната негативност. Позитивноста е избор. Изберете мудро.

Likes:
0 0
Views:
101
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.