Препознајте ги симптомите на перименопаузата – периодот по кој следува менопаузата

Кога станува збор за женскиот организам сите сме го слушнале изразот „биолошки часовник“ , но едно е сигурно, тој не го покажува истото „време“ кај сите жени, односно временскиот рок кога станува збор за менопаузата не е толку линеарен како што се мисли. Пред менопаузата, жената поминува низ еден период наречен перименопауза.

Овој период кој му претходи на периодот кога настапува менопаузата се карактеризира со намалено излачување на хормоните естроген и прогестерон, менструалниот циклус не е редовен и сл. Периодот на перименопаузата може да трае од две до пет години.

Тогаш кога кај една жена ќе отсуствува менструацијата во период од една година се смета дека настапила менопауза.

Се почесто се забележуваат случаи кога перименопаузата се појавува кај жените во доцните триесетти години, иако се смета дека просечната возраст за влез во перименопауза е по четриесет и петтата година од животот.

Иако симптомите на перименопаузата варираат од жена до жена, сепак постојат неколку основни индикации дека станува збор за тој период кој и претходи на менопаузата.

Промените во циклусот е првиот симптом. Поради промените во естрогенот, кај жените во перименопауза може да дојде до промена на временскиот интервал на појава, но и на траење на самиот циклус, односно да доцни очекуваното менструално крварење или да дојде прерано, а самото тоа да трае повеќе денови или помалку од вообичаено.

Поради промената на нивото на прогестерон овулацијата станува неправилна што предизвикува ендометриумот да се здебелува малку повеќе од вообичаено. Поради таа причина, во периодот на перименопаузата можни се пообилни крварења од вообичаено.

Околу 70% од жените кои се во перименопауза се соочуваат со топли бранови кои можат да варираат од благо зголемена температура до интензивно потење. Според лекарите, причина за пореметување на способноста на телото да ја одржува температурата на стабилно ниво е падот на естрогенот во организмот.

Честите промени на расположението, исто така, се еден од симптомите на перименопаузата. Од смеа до бес и лесна раздразливост за многу кратко време. Се смета дека жените кои страдале од постпородилна депресија имаат поголем ризик да бидат „жртви“ на овие чести промени во расположението.

Likes:
0 0
Views:
21
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *